Не очекувам кризата во Украина во првиот бран да има директни безбедносни ефекти врз Балканот, но очекувам дека ќе има сериозни економски ефекти, вели професорот Методи Хаџи Јанев кој предава на воената академија Генерал Михаило Апостолски во Скопје, на Правниот факултет во Штип и на Државниот универзитет во Аризона.
За Радио слободна Европа тој вели дека претставува опасност доколку ситуацијата ескалира:
„Е, сега, ако ситуацијата ескалира и понатаму во тој случај можни се лоши сценарија особено во ранливите делови или таканаречени условно замрзнати конфликти каде што работите не се до крај завршени или проектите се на некои стаклени нозе.
Зборувам за мирот во Босна, дел од Косово и сето тоа може да има во најлош курс на акција“.
Сепак вели Хаџи-Јанев, не гледам дека во оваа фаза дека ќе има некој си посебен проблем таму“.






