„Универзитетската професорка Ајтене Хајдари-Ќамили во ‘360 степени’ на ТВ Алсат посочува на една појава, која е многу присутна во последно време во поглед на употребата на јазиците. Според неа, неприфатливо е двајца млади, Албанец и Македонец да комуницираат меѓу себе на англиски јазик. Хајдари-Ќамили, нагласува дека албанскиот јазик во основните училишта се обезбедува и за оние, кои не се Албанци, но интересот за него е премногу мал.“ – објави ТВ Алсат.
На својот интернет-портал ТВ Алсат ја пренесува изјавата на професорката Хадари-Ќамили во „360 степени“: „Албанскиот јазик досега е предвиден во основните училишта и за оние, кои не се Албанци. Но, интересот на учениците за него е многу мал, бидејќи тоа зависи од нивните родители и од наставниците. Тоа е поврзано и со политиката на државата: ако Министерството за образование не го остави албанскиот јазик како предмет да биде само факултативен, туку ако одлучи да го крене на малку повисоко рамниште, тогаш ќе им овозможи на децата да немаат предрасуди, да учат да комуницираат меѓу себе на двата јазика и да не се случува оваа појава во последно време, новите генерации, еден Албанец и еден Македонец да зборуваат меѓу себе на англиски јазик.“
„Англискиот им е единствениот заеднички јазик. Ние не велиме да не го знаат англискиот, туку дека е секако добро да го знаеме и јазикот едниот на другиот, оти и живееме со векови во заедничка средина.’ – нагласува Ајтене Хадари-Ќамили.“
Home Македонија Хадари-Ќамили: „Новите генерации, младите Албанци и Македонци зборуваат на англиски меѓу себе...





