Хабек: Мора да ја убедиме Унгарија за ембарго на руска нафта

Земјите од Европската унија се уште можат да се договорат за воведување ембарго на руската нафта и покрај противењето на Унгарија, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек.



Германија „ќари“ руски гас за уште 90 дена

Сепак, времето за договорот е ограничено, изјави тој пренесува dpa.

„Следната недела е самитот на ЕУ, а потоа или ќе се постигне договор, или ќе треба да се разгледаат други мерки за санкции против Русија“, рече германскиот министер кој има разбирање дека некои земји од ЕУ се резервирани за ембаргото на руската нафта.

Но, многу важно Европа да остане обединета и заедно. Затоа сите земји мора да вложат напори да ја намалат зависноста од нафтата“, рече Хабек, додавајќи: „Ова важи и за Унгарија“.

Европската комисија на почетокот на март предложи, поради војната во Украина, увозот на руска сурова нафта да биде завршен за шест месеци, а на нафтените деривати за осум месеци.

Договорено е рокот за Унгарија и Словачка да биде 20 месеци. Сепак, Унгарија се уште е против санкции.