Гужви на граничните премини пред продолжениот викенд

Зголемена е фреквенцијата на возила на ГП Табановце за влез и за излез од државата, времето на чекање е околу 40 минути.



На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, но сепак слична слика како на Табановце имаме и на граничниот премин Богородица.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, известуваат од АМСМ.