Гувернерот на Њујорк вознемирувал жени, Бајден му побара оставка

Откако независна истрага покажа дека обвинувањата за сексуално вознемирување упатени од повеќе жени на адреса на гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, се веродостојни, американскиот претседател Џо Бајден го повика да поднесе оставка, пренесе Си-ен-ен.



„Мислам дека тој треба да поднесе оставка“, рече Бајден.

И спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси (демократ) како и двајцата сенатори од Њујорк, исто така, повикаа Куомо да се повлече.

Петмесечната истрага заклучи дека 11 жени кои поднеле тврдења против Куомо ја кажуваат вистината.

Државниот обвинител Летиција Џејмс, изјави дека истрагата открила „клима на страв“ во која Куомо сексуално малтретирал повеќе жени, многу од нив млади, а потоа им се заканувал на оние кои го пријавиле.

Куомо (63) ги негира обвинувањата и стави до знаење дека не планира да поднесе оставка.