Анита Ангеловска-Бежоска, гувернерка на Народната банка уверува дека сите банки во Македонија се сигурни и стабилни.



Во интервју за весникот „Вечер“ гувернерката вели дека банкарскиот систем е сигурен и стабилен, а дека „Еуростандард банка“ е изолиран случај, кој нема да влијае на другите банки.

„Најновите расположливи податоци покажуваат дека банките, и покрај зголемената неизвесност во глобалната и домашната економија, остварија солидни резултати, кои се и подобри споредено со податоците од крајот на март кога ковид-кризата сѐ уште не беше посилно присутна во македонската економија.

Kапиталот на банките и дополнително зајакна, како резултат на задржување на најголемиот дел од нивните добивки за зголемување на нивниот капитал, што е резултат и на препораката што им ја упативме на почетокот на ковид-кризата. Притоа, нешто повеќе од половина од капиталот на банките претставува вишок над законскиот минимум што е исклучително значајно за заштита на банкарскиот систем од шокови, каков што е пандемијата на ковид-19. Квалитетот на сопствените средства е исклучително висок и доминантен дел од нив од околу 90% се состојат од редовниот основен капитал, како најквалитетен слој од сопствените средства на банкарскиот систем.

Гаранција за стабилноста на банкарскиот систем е и тоа што ликвидноста со која банките располагаат е на високо ниво, и покрај тоа што тие привремено ги одложија наплатите на значаен дел од кредитите“ вели АСнгеловска-Бежоска.