Гутереш: Палестинските напади не се случија туку така…

Палестинскиот народ беше подложен на 56 години задушувачка окупација и „палестинските напади не дојдоа од никаде“, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во вторникот пред 15-члениот Совет за безбедност на ОН.



Хамас, објави дека повеќе од 700 Палестинци биле убиени во 24 часа израелски воздушни напади, што е највисок дневен број на жртви од почетокот на бомбардирањето.

„Но, поплаките од палестинскиот народ не можат да ги оправдаат ужасните напади на Хамас. И овие ужасни напади не можат да го оправдаат колективното казнување на палестинскиот народ.

Палестинските територии – Западниот Брег и Појасот Газа, покрај источен Ерусалим, се широко признати во меѓународната заедница како окупирани од Израел, пишува Politico.

Во меѓувреме, САД, Канада и Австралија не повикаа да престане нападите врз Газа…

По изјавата на Гутереш, израелскиот амбасадор во ОН Гилад Ердан го нарече неговиот говор „шокантен“ на социјалната мрежа Х, поранешено „Твитер“, со забелешка дека „генералниот секретар е целосно надвор од допир со реалноста во нашиот регион“.

„Нема никакво оправдување или смисла да се разговара со оние кои покажуваат сочувство за најужасните злосторства извршени врз граѓаните на Израел и еврејскиот народ“, додаде тој на платформата на социјалните мрежи.

Ердан рече дека неговата земја има намера да им одбие визи на претставниците на ОН по изјавата на генералниот секретар Антонио Гутереш, објави Times of Israel.

Израел, по изјавата на Гутереш побара негова оставка од ген-сек на ОН.