Гутереш кандидат за уште еден мандат за ген-сек на ОН

На изборите за генерален секретар на ОН што треба да се одржат овој месец, актуелниот ген-сек Антонио Гутереш е единствен кандидат, објави Свен Јиргенсон, постојан претставник на Естонија во ОН на прес-конференција во врска со почетокот на естонското претседателство со Советот за безбедност на светската организација.



На почетокот на јануари, Гутереш со писмо до Генералното собрание на ОН и Советот за безбедност објави дека ќе се кандидира за втор петгодишен мандат како генерален секретар.

Неговиот прв мандат истекува на крајот на 2021 година.

Нема ограничување на бројот на мандати на генералниот секретар но досега никој не ја извршуваше функцијата повеќе од 10 години.

Во согласност со утврдената пракса, генералниот секретар на ООН не може да биде избран од редот на претставниците на земјите – постојани членки на Советот за безбедност (САД, Русија, Франција, Велика Британија, Кина).