Протекторатот на ОН во Газа по актуелната војна Израел-Хамас нема да го реши тамошниот конфликт, рече генералниот секретар на светската организација во понеделникот, и наместо тоа тој повика на „транзициски период“, во кој ќе бидат вклучени арапските нации и Соединетите држави, за да се стигне до реѓение за две држави, пренесе Times of Israel.
Антонио Гутереш рече дека е „важно да се биде во можност да се трансформира оваа трагедија во можност“ – што би значело „решение со две држави“.
По завршувањето на сегашната војна меѓу Израел и Хамас во Газа, Тутереш предлага да се формира „зајакната палестинска управа која ќе преземе одговорност во Газа“.
Но, палестинска автономија не може да влезе во Газа поддржана од израелски тенкови, додаде тој – што значи дека „меѓународната заедница треба да погледне во период на транзиција“.
„Не мислам дека протекторатот на ОН во Газа е решение“, сепак, рече Гутереш.
Тој повика на „пристап од повеќе засегнати страни“ односно САД како „главен гарант“ на безбедноста на Израел, додека арапските нации се „суштински“ за поддршка на Палестинците.
„Сите треба да се здружат за да создадат услови за транзиција, овозможувајќи зајакната палестинска управа да преземе одговорност во Газа“, и оттаму до решение за две држави, рече тој.
Палестинската управа владееше со Газа до 2007 година, кога беше соборена од Хамас. Таа продолжува да владее со делови од Западниот Брег, но нашироко се смета за корумпирана и неефикасна.
Но планот на Гутереш, е во спротивност со плановите на Израел за повоената иднина на Газа.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху сè уште не објасни кој ќе ја води Газа откако Хамас ќе биде елиминиран, но рече дека ПС „не е способна“ во нејзината сегашна форма да управува со Појасот, а исто така ги отфрли повиците за формирање меѓународни сили.







