Бугарската авио-компанија „Гуливер“ престана да продава карти за летот Софија-Скопје затоа што е во преговори за субвенции со бугарската влада, објасни денеска министерот Бујар Османи:
„Ние кога го разговаравме ова прашање имаше две опции – да се види дали има интерес за целосно комерцијална линијаили да биде субвенционирана, при што таа одговорност ја превзеде Бугарија.
Првата фаза беше обид да се види рентабилноста, а во моментов компанијата е во преговори за субвенции со бугарската влада“, одговори Османи на новинарско прашање.
Авиолинијата Софија-Скопје почна да функционира пред месец дена со редовни летови – два пати во неделата.
Бугарскиот премиер Кирил Костов беше најголем заговорник на отворање на авионска линија иако искуствата во минатото покажаа дека таа е економски неисплатлива.






