ГТЦ во кал: ланската година ја завршил со загуба од 646 илјади евра

Градскиот трговски центар, засега никако да почне да работи профитабилно.



Компанијата преку Берзата ги објави финансиските извештаи за своето работење за 2022 година, кои говорат дека не може да се зборува за подобрување на бројките на ова акционерско друштво. Билансот на успех покажува дека ГТЦ и лани работел со загуба, и тоа зголемена за 11 проценти во однос на претходната година. Имено, минатата година Градскиот трговски центар остварил „минус“ од 646 илјади евра, што е за 11 проценти повеќе од загубата прикажана во 2021 година, која била 581 илјади евра.

Што е причината за загубата на ГТЦ? Компанијата едноставно прави поголеми расходи во однос на приходите, па тоа го прави негативниот финансиски резултат.

Билансот на успех говори дека лани Градскиот трговски центар успеал да оствари оперативни приходи од 3,7 милиони евра, што е за два отсто повеќе од претходната 2021 година.

Линк до целата анализа.

https://faktor.mk/zoshto-gtc-i-lani-otide-vo-debel-minus—nekogashniot-simbol-na-moderno-skopje-so-zaguba-od-646-iljadi-evra