Професорката на Факултетот за безбедноствели дека има неофицијални информации дека групата на Љупчо Палевски имала „поголеми планови“.
„Таа група, според моите неофицијални информации, имала многу поголеми планови. Постоеле списоци за ликвидации. Постоеле списоци за изнуди“, вели Фросина Ташевска Ременски, во разговор за Гласот на Америка.
„Постоеле списоци за заплашување, списоци за киднапирања, што значи дека ова е предизвик за истражните органи. Предизвик за полицијата, за безбедносните служби. Да ги осуетат плановите и да ги претстават во јавноста и тоа да им биде дополнителна одговорност во целиот овој случај“ вели професорката која бара да се прошири истрагата.
„ Да се прошири истрагата за групата на Љупчо Палевски, зашто нивните дејства се еднакви на тероризам и истите имаат криминално минато за кое требало многу порано да се реагира“, вели Ташевска Ременски.





