
Група цивили денеска ја напуштија челичарницата „Азовстал“, меѓу нив има и деца, соопшти ТАСС. Според агенцијата, челичарницата ја напуштиле вкупно 25 лица, меѓу кои шест деца до 14 години.
Руската телевизија „Русија 24“ вчера објави дека тричлено семејство заминало со хуманитарниот коридор.
На 16 април, Министерството за одбрана на Русија објави дека Мариупол е целосно ослободен од украинската армија, странските платеници и милитантите на националистичките баталјони. Преостанатата војска се засолни на територијата на фабриката Азовстаљ.
Рускиот претседател Владимир Путин нареди фабриката да не се напаѓа и целосно да се изолира.




