Грујевски и Бошковски остануваат во Грција

Врховниот суд на Грција го одби барањето за екстрадиција на бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски.



Двајцата остануваат во Грција и во меѓувреме ќе бидат одлободени од затвор, јави дописничката на МИА од Атина.

Грујовски и Бошковски, осомничени во предметите „Тврдина“ и „Таргет“ на СЈО, по кои беше распишана и меѓународна потерница беа уапсени во средината на октомври на аеродромот во Солун при пасошка контрола кога било утврдено дека се обиделе да поминат со фалсификувани бугарски пасоши и да отпатуваат во Будимпешта.