Никола Груевски, поранешен македонски премиер кој поседува унгарски лични документи со адреса на Дистрикт V, и може да гласа на општинските избори во центарот на Будимпешта започнал нова фаза во својот живот.
Груевски кој како лице со привремена заштита како носител на политички азил по добивање на унгарски документи основал приватно претпријатие во Унгарија, пренесуваат унгарски извори.
Компанијата на Груевски била регистрирана на 15 јули, а тој според унгарските извори е и управен директор и сопственик на компанијата.
Главна активност на компанијата на Груевски е управување со деловни активности и други консултантски услуги за управување, но на списокот на дејности има и многу други, од трговија на големо со порцелан, стакларија и производи за чистење преку управување со средства до организација на конференции.
Според информациите иако Груевски живее во Унгарија, тој во поднесокот за регистрација на фирмата го ставил Скопје како место на живеење.
Каталин Хорнјик, адвокат од Будимпешта е регистриран како агент за испорака во евиденцијата на компанијата.
Груевски пред повеќе од две години на мистериозен начин избега од Македонија каде што беше осуден на 2 години затвор за контроверзниот случај Тенк во кој наводно незаконски набавил блиндиран мерцедес со кој сега го користи македонската влада.
Иако постојат сериозни сомнежи дека Груевски бил пуштен од страна на МВР под контрола на Заев и Оливер Спасовски досега никој не одговараше за неговото бегство.
И покрај тоа што веќе 4 години не е лидер на партија тој се уште има меѓу 1 и 2 % поддршка во анкетите за популарност на политичари во Македонија.






