Груевски повеќе не е почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешниот состанок донесе одлука да му се укине статусот почесен претседател на поранешниот лидер, Никола Груевски.



Согласно ова “ ниту Никола Груевски, ниту било кој друг поранешен почесен претседател повеќе согласно овој статут не се почесни претседатели. Такво нешто статутот не предвидува“, рече Панче Тошковски, претседател на статутарната комисија при ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно за почесен претседател беше назначен и Љубчо Георгиевски.

Донесена е и измена на статусот на партијата според која функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ не може да трае повеќе од два мандати на регуларен избор.

Евентуално трет мандат, може да има исклучиво ако тоа го поддржуваат две третини од телата коишто го бираат.