Експремиерот Груевски побарал политички азил во Унгарија пишува на неговиот Фејсбук профил.
“Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот.
Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од Унгарските власти.
Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам”, напишал Груевски или некој друг што има пристап до неговиот профил на Фејсбук.
По него е раапишана потерница за случајот Тенк за кој е осуден на 2 години затвор.
Засега нема информација дека некој го злоупотребил неговиот фејсбук профил.





