Поранешниот премиер не ја напуштил територијата на Република Македонија преку било кој граничен премин.
„Сослушани се и сведоци, но за да не наштетам на предистражната постапка други детали не можам да откривам“, вели во интервјуто за МИА, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Обвинителот вели дека биле побарани докази од надлежните органи на Република Албанија и Република Црна Гора. Добиени се снимките од безбедносните камери на патиштата, наплатните рампи, граничните премини, како и околу домот на поранешниот премиер.
Обвинителството ја анализира содржината на прибавените докази и не утврдува дали има пропусти на одредени институции, туку дали има кривично-правни дејствија од некои лица за овозможување на бегството. вели државниот јавен обвинител во интервјуто за МИА.






