Од кабинетот на унгарскиот премиер, демантираат дека Виктор Орбан синоќа имал средба со Никола Груевски кој е во Будимпешта и како што самиот најави бара азил од унгарските власти.
Одговорното лице за односи со јавноста во кабинетот, Хавас Берталана, за унгарски портали изјавил дека Орбан синоќа заминал дома „се сретна со лицата Флора и Роза, но не и со човекот кого што го именувавте. Значи информацијата треба да се класифицира како „новинарска патка“.
Од хотелот „Коринтија“ во Будимпешта каде се претпоставува дека бил отседнат Груевски по пристигнувањето во Унгарија, исто така демантираат дека имале гостин со тоа име.





