Поранешниот преемиер Никола Груевски кој доби азил во Унгарија денеска на Фејсбук одговори на тврдењата на актуелнииот премиер Зоран Заев дека од земјата избегал скриен во автомобилски багажник, како што зјави во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“



„…
Јас знам дека во животот напамет не ми паднало да влегувам во багажник за било какви цели. Вистината ја знае и Заев. Заминав бидејќи во Македонија се водеа политички мотивирани процеси против мене во кои што однапред се знаеја пресудите нарачани од него лично, иако не постоеја никакви правни аргументи, никакво сторено кривично дело а според тоа ни докази. Заминав бидејќи во затворот ми подготвуваа линч.

Вистината е дека заминав многу лесно и едноставно, а тој пред некој ден потроши четвртина од емисијата за отчет говорејќи за мене и како сум заминал, со лажење и фантазирање“, пишува, меѓу другото, Груевски на неговиот ФБ профил.

https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10157461113532716