Екс премиерот Никола Груевски во 2017 година му рекол на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека без нивна заедничка влада ќе го фрли ВМРО-ДПМНЕ во кафез со ѕверови по што соработувал со ,,ѕверовите”.
Ова во емисијата 360 Степени го обзнани потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски зборувајќи со чудење како можел Груевски да соработува со луѓето кои ги молел да не прават влада со СДСМ.
,,Никола Груевски му рече на Али Ахмети ако не направиш влада со нас ќе не фрлиш на ѕверови, ќе не апсат”, откри Николовски во интервјуто чудејќи се зошто потоа Груевски соработувал со тие што ги апселе луѓето од ВМРО-ДПМНЕ односно со ,,ѕверовите”.
Поврзани вести
Груевски ја оставил ВМРО-ДПМНЕ со долг од 9,5 милиони евра (ВИДЕО)






