Груевски му простил 50 илјади евра на Заев

Никола Груевски ја повлекол тужбата против премиерот Зоран Заев за клевета и му простил 50.000 евра, колку што требаше да плати Заев, за изнесените тврдења за Груевски во случајот „Македонска банка“, јавува сведок.орг.мк.



Порталот пишува дека утре требаше а се одржи судење, откако Врховниот суд во еден дел за трошоците ја врати на повторно судење, но адвокатот на Никола Груевски во меѓувреме ја повлекол тужбата против Заев за неговата изјава за случајот случајот „Македонска банка“.

Од Основниот суд Скопје 2 за „Макфакс“ потврдиле дека: „Тужителот преку својот полномошник со поднесок го извести судот дека се откажува од тужбеното барање во целост. Со оглед на наведеното, на 8.01.2019 година, вон рочиште донесена е пресуда врз основа на одрекување, согласно со чл.318 од Законот за парнична постапка“.

Линк до Сведок