Груевски ќе биде вратен, вели Заев

Во синоќешното гостување во емисијата „360 степени“ на Алсат М, премиерот Зоран Заев рече дека Никола Груевски ќе биде вратен во Македонија.



„Ако се утврди одговорност, ќе понесе одговорност кој сака во државата, почнувајќи од мене, па било кој друг. Но, не можеме да разрешуваме луѓе, затоа што е гневна јавноста. И порано се исправуваше дилемата дали Заев се договорил со Груевски во Пржинскиот договор, испадна дека не се договорил. Се што сум кажал, така било. Јас кажувам дека Груевски ќе биде вратен. Унгарија треба да каже дали бил киднапиран, дали по своја волја влегол во дипломатско возило“, рече премиерот.

Заев потсети дека и поранешниот хрватски Иво Санадер, бил испорачан по една година откако избега од Хрватската за да не одговара за корупција.

„Се што сум рекол така ќе биде. Јас кажувам дека Груевски ќе биде вратен! Заради тоа што и меѓународната легислатива и законите се на наша страна. Ќе биде вратен! И Санадер избега па беше вратен“, рече Заев во интервјуто за Алсат М.