Никола Груевски се појавил на избирачкиот список во Будимпешта во пресрет на општинските избори што треба да се одржат утре,
објави порталот 24.HU .
Иако не е 100% сигурно кој е избирачот со име Никола Груевски, факт е дека името и возраста (49 години) коинцидираат со генералиите на поранешниот македонски премиер кој доби азил во Унгарија,
Порталот забележува дека „избиралот“ има лична карта од Петтиот округ во Будимпешта, но нема адреса.




