Груевски до Русковска: Не е правда без вина да влезеш во затвор

По изјавата на обвинителката Вилма Русковска, на денешното судење за „27 април“ дека Груевски кукавички избегал кога требало да се соочи со правдата, на Фејсбук реагираше поранешниот премиер кој е во Будимпешта.



„Никогаш не сум избегал од соочување со правдата. До последен ден одев на судските рочишта и за тие кои одблиску и непристрасно го следеа процесот покажав и докажав дека ме судат без вина во очигледен политички прогон со политички монтиран процес и дека судот, исто како и обвинителството, е ставен во политички цели и работи со политички мотиви и инструкции.

Затоа кога веќе завршија и се исцрпеа сите можни начини за докажување на вистината, соочен со неправдата и пораките за линч кои ги добивав, одлучив да заминам од земјата и времено да се засолнам од налетот на политичкиот прогон врз мене.

Неправедно и незаслужено, без вина и со политички конструиран случај да треба да влезеш во затвор во кој ти се спрема ликвидација, не е воопшто соочување до правдата.

Како што не е бегање од правдата ако одбиеш да го прифатиш тоа“, пишува Груевски на Фејсбук.

https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10158171508612716