Поранешниот премиер Никола Груевски кој пребега во Будимпешта, денеска на Фејсбук реагира на апсењето на поранешниот рв Човек на БЈБ, Митко Чавков кој од вчера е во притвор.
ОЈО побара мерка притвор за Чавков поради сознанија дека би можел да избега пред соопштување на казната за настаните од 27 април закажано за во петок.
„Ова трето по ред апсење на Митко Чавков, како и претходните две, како и целиот прогон против него, е лична одмазда на Зоран Заев кон него заради предметот ,,Поткуп” каде по лична пријава на жртвата бизнисмен, по налог на обвинителството и со спроведен налог од МВР со видео снимка се документираше и предаде на судот очигледен доказ кој потоа стигна и до македонската јавност која виде како градоначалникот Зоран Заев бара поткуп и објаснува како тоа е нормална работа во неговата општина“, пишува на Фејсбук Груевски.




