Екс премиерот Никола Груевски е неоправдано отсутен од работа веќе шест месеци и со тоа е исполнета законската можност пратениците да му го одземат пратеничкиот мандат.



Потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски, денеска оцени дека пратениците се пред сериозен тест и одговорност.

„Пред сериозен тест и одговорност на сите пратеници е спроведувањето на процедурата за одземање на мандатот со 80 гласа „за”. Пред сериозен тест е Обвинителството и Врховниот суд – ОЈО да даде одговор за истрагата за бегството, а Врховен суд да одолее да не ја укине пресудата за затворската казна“, рече Ременски.

Извор: Алсат М.