Симона Груевска-Маџоска, професорка од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, направи споредба на Твитер меѓу Македонија и САД за името на државата, за јазикот и за образованието.
„Во САД слободно велат дека АМЕРИКА е најсилна држава во светот, иако Америка е име и на континентот“;
„Во САД за да се добие државјанство, мора добро да се знае англискиот јазик и да се полага американска, а не заедничка, споделена, испреплетена или интегрирана историја“;
„Во САД учениците во четврто одделение мораат наизуст да ги знаат сите американски претседатели по ред. Изгледа немаат такви ‘прогресивни’ реформатори на основното образование, па мораат да учат ‘непотребни’ податоци, и тоа неинтегрирани. Да им ги испратиме нашите?“, прашува Груевска-Маџоска.






