Скандалозна реформа на основното образование! Комплетно згрешена концепција и експериментирање со учениците! Укинат предметот историја и ставен во групен предмет Општествени науки! Е па „браво”! Што да кажам друго!
Ова го пишува професорката Симона Груевска Маџоска од Институтот за македонски јазик во врска со презентација на Министерството за образование и Бирото за развој на образованието кои најавуваат дека веќе ќе нема посебен предмет историја туку историските факти ќе се учат како дел од “Општествени науки”.
“Мене навистина не ми е јасно како е можно Историја, Граѓанско образование и Географија да се изичуваат во еден предмет и тоа од прво до деветто одделение. Ужас!
Од година во година постојано ги осакатуваат децата со постојаните експериментирања и нови програми во образованието, пишува друг родител во дебатата на социјалните мрежи.
Скандалозна реформа на основното образование! Комплетно згрешена концепција и експериментирање со учениците! Укинат предметот историја и ставен во групен предмет Општествени науки! Е па „браво”! Што да кажам друго!
— Simona Gruevska Madjoska (@simonagrum) December 15, 2020
Досега во јавноста немаше информации дека се работи на укинување на предметот историја.
Засега нема информации дали укинувањето на предметот историја има врска со споровите со Грција и Бугарија и барањата од таму за промени во учебниците.
Презентацијата на МОН и БРО






