Како да е претседател на Владата, првиот вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на средбата со грузиската претседателка Саломе Зурабишвили понудил помош на патот кон НАТО, како и за реформите потребни за членство во Европската унија?!
„Република Северна Македонија е подготвена да ѝ понуди помош на Грузија од своето искуство на патот кон НАТО“ и „соработка во процесот на реформите што треба да се направат таму, вклучително и во областа на правдата, судството и обвинителството, како и безбедносните структури“, информираат од Министерството, не објаснувајќи каков вид помош ќе се понуди во областите во кои државата стои (нај)лошо.
Покрај за политичката состојба во Грузија, Груби со високата гостинка разговарал и за „односите со соседните земји, вклучително и со Русија, за конфликтите во Украина и во Нагорно Карабах“?!





