Министер во Македонија зема најмала плата во целиот регион. Зошто треба намалување на платите на функционерите? Ова е површен начин за забава на јавноста.
Ако има потреба, ќе ги скратиме платите – вели Артан Груби, прв вицепремиер и министер за политички системи и односи меѓу заедниците во емисијата 24 Анализа.
„Многу се помали платите од оние на директорите на претпријатија и јавниот сектор. Мојата плата е 70 000 денари.
И во животот не сум работел за помала плата кога сум работел во приватниот сектор и ова ми е најмала плата откако сум во политиката“ рече Груби.






