Пратеникот Артан Груби вели дека Законот за употреба на јазиците е недопирлив и дека треба да се унапреди неговата употреба на банкнотите и униформите на армијата.
Според Груби, нема време ова прашање да се адресира до Собрание, бидејќи на 3-ти јануари ќе се формира техничка Влада, а месец подоцна ќе се распушти и Парламентот.
За недоразбирањата меѓу СДСМ и ДУИ рече дека се вистински и искрени, кои настануваат поради разликите и приоритетите на партиите во нивните програми.
„Во однос на Изборниот законик, особено изборниот модел за следните избори, сметаме дека без широк консензус, без учество на сите политички партии во земјата и без сеопфатна дебата со сите засегнати страни во процесот, не може да има еднострани и наметнати решенија во Собрание, особено не решенија кои му наштетуваат на политичкото претставување на Албанците во законодавниот дом“, вели Груби за ТВ.21.





