Груби: „Заев ми кажа дека треба да го преземам водењето на седниците на Владата“

„Заев ми рече дека треба да го преземам водењето на седниците на Владата, откако тој поднесе оставка. Но, ние не му дозволуваме да се повлече.“ – оваа изјава на Артан Груби, првиот потпретседател на Владата на Република Македонија, дадена за ТВ Клан Македонија, ја пренесуваат весникот „Лајм“ и други медиуми на албански јазик.

„Лајм“ пренесува: „Коалициските партнери немаат намера да дадат ‘зелено светло’ за заминување на премиерот Заев. Најгласни се од ДУИ.“

„ТВ Клан Македонија: Дали сте сега премиер на Македонија?



Груби: Вчера кога се сретнав со Заев, откако тој најави оставка, некаде по полноќ ми рече дека од утре ќе треба да го преземaм водењето на состаноците на Владата. Но, му кажав дека не сакам тоа да се случи, бидејќи не се согласуваме со неговата оставка. Оти, тој мора да ја повлече оставката и да продолжи да работи, бидејќи ова мнозинство и е потребно на с.Македонија.“

„ТВ Клан Македонија: Значи, Заев ќе си замине, а вие што ќе направите?

Груби: Не го пуштаме Заев, затоа што Ахмети го направил договорот со Заев за да се да владее четири години.“ – пренесе „Лајм“.