„Граѓаните на нашата земја заслужија да се отворат преговори за членство во ЕУ, не заслужуваат поголеми пречки и комромиси“ изјави синоќа вицепремиерот Артан Груби во 24 анализа, говорејќи за односите со Бугарија и најавата на можна блокада на првата меѓувладина конференција со ЕУ.
„Договорот е еден и тој е ратификуван и двете страни треба да се придржуваат кон него, нема нови документи и условувања и работи под маса и на маса. Ниту нови уставни измени“, рече Груби.
Според вицепремиерот нема никаков ризик за македонскиот јазик, народ и за државата и смета дека Бугарија ќе даде поддршка во преговорите со ЕУ.
„Не треба историјата да ни биде пречка за иднината, треба да одиме напред, а да не гледаме назад. За се може да се изнајде решение преку дијалог“, порача Груби.






