Груби: За 24 часа се попишале 11.500 лица од дијаспората!

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на својот Фејсбук-профил објави дека досега се попишале 99.500 лица од дијаспората.



Од нив 11.500 лица се самопопишале во изминатите 24 часа.

„Нашата дијаспора е најдобра на свет“, напиша Груби кој пред два дена беше во Косово каде бараше поддршка за пописот на Албанците во Македонија. ч