Извесно е дека со коалицискиот договор меѓу Заев и Ахмети, ДУИ ќе го добие министерството за надворешни работи, а ова го загатна и Артан Груби кој на Фејсбук го поздрави историскиот успех на Албанците кои сега во три држави во регионов ќе имаат тројца министри за надворешни работи.
„Покрај премиер, тројца албански министри за надворешни работи во регионот. ИСТОРИЈА!, напиша Груби.
Засега неофицијално, ДУИ освен МНР, ќе ги води и министерствата за финансии и економија како и секторот евроинтеграции.






