Првиот вицепремиер Артан Груби за РТВ21 во Приштина, Косово изјавил дека петмина олигарси кои преку приватизацијата стекнале огромно богатство, креирале економско-политички центар против ДУИ и сакаат да го сопрат вледеењето на оваа партија, пренесува ТВ21.
„Им пречи што се гради коридорот 8, проект од 1,5 милијарди евра, им пречи патот на Арбер, им пречи факторизирањето на Албанците во Македонија. На нив им пречи тоа што во земјата владее ДУИ, владее Артан Груби, владее Али Ахмети“, рекол Груби.
Според него, целта на оваа група на луѓе е да го сопрат ова владеење и да овмозможат заедничко владеење на двете партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, да се тргнат Албанците на страна, или да најдат некој Албанец кој ќе им направи „ќеф“.






