Груби вчера во Мала Речица направил грешка што може да го чини до 5 години затвор

Вицепремиерот Артан Груби вчера во Мала Речица на состанокот на ДУИ направил грешка што може да го чини најмалку 6 месеци а најмногу 5 години затвор.



Од видеото што го објави ТВ21 се гледа дека Груби на шестчасовната консултативна средба пред денешното претседателство на партијата каде ќе се бира ново раководство дошол и заминува со службено владино возило.

Во видеото јасно се гледа како Груби бегајќи од изјава за новинарите влегува во луксузното владино возило кое не смее да го користи за приватни или партиски цели.

Во Македонија според законот е забрането да се користат службени ресурси за партиски активности и за тоа веќе има одлики на Антикорупциската комисија.

Освен што за злоупотребата на државни ресурси согласно кодексот на владата може да биде санкциониран од вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска, Груби треба да одговара и согласно кривичниот законик.

Било кој обвинител вклучително и Јавното обвинителство за организиран криминал може да го гони Груби и неговите соработници по членот 353 од Кривичниот законик кој се однесува на кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.

Делото на Груби според истакнати правници треба да се санкционира по ставот 1 од членот 353 од Кривичниот законик кој предвидува дека:
(1) Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.

Во случајов Груби користејќи владино возило за себе прибавил бесплатен превоз а на владата нанесол штета во бензин, патарини и дневница за возачот.

Со него треба да одговараат и лицето од заедничките служби во владата кое што му дало дозвола или напишало патен налог за користење на возилото како и возачот кој му помогнал да го злоупотреби државниот имот

Ако се почитува законот Груби може да одговара и по ставот 5 од членот 353 од КЗ кој предвидува:

(5) Ако делото од ставовите (1) и (4) е сторено при вршење јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот на Република Македонија, од јавните фондови или од други средства на државата, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години.

Во случајот јасно се гледа дека Груби и неговиот возач направил штета на буџетот на државата и користел средства на владата за учество на партиски состанок.

На ред се Антикорупциската комисија, вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска и јавното обвинителство кое уште денеска можат да покренат постапка за очигледното прекршување на законот и на владиниот кодекс за добро однесување.

Видеото на ТВ21 кое се гледа кривичното дело на Груби