Груби: Убеден сум дека лидерите на другите албански партии нема да ја загрозат ЕУ-иднината на Македонија

„Убеден сум дека и лидерот на Алтернатива Гаши, како и лидерите на другите албански политички партии, вклучително и Касами и Села, се свесни за значењето на овој момент и за случувањата, кои што се преземаат во Брисел за отворање на преговорите, и оти тие нема да направат ниеден чекор, за да ја загрозат европската иднината на земјата. Не верувам дека ќе дојде до драматични случувања во земјава.“ – рече денеска Артан Груби, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците и висок функционер од ДУИ.“ – објави ТВ 21.



На својот веб – портал ТВ 21 напиша: „Груби денеска изјави дека во парламентарното мнозинство се добредојдени сите партии кои се залагаат за европската иднина на државата и за отворање на преговорите со Европската унија.“

„Во моментов разговараме не само со Алтернатива, туку има контакти и со други политички партии, кои што се дел од Собранието, за да се приклучат на парламентарното мнозинство, или да го поддржат. Мислам дека ќе се приклучат кон ова парламентарното мнозинство сите оние што сакаат да ја видат Македонија во ЕУ. Уверен сум дека Заев ќе ја почне процедурата за нов претседател на СДСМ. Ова е процес што не завршува за еден ден, туку ќе трае еден месец. Дотогаш се надевам дека ќе имаме стабилно парламентарното мнозинство и оти ќе продолжиме со реформи, првично преку одобрувањето на буџетот на државата, но и со решавањето на спорот со Бугарија.“ – одговори Груби на новинарско прашање. Тој присуствуваше на одбележувањето на 113-годишнината од Битолскиот конгрес и 14-годишнината на постоењето на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Македонија.

„Груби информира дека вчера разговарал со премиерот Заев за средбата, што овој ја имал со Алтернатива, и оти денеска ќе се одржи нова средба во врска со случувањата со новото парламентарно мнозинство. Тој нагласи дека во разговорот не станало збор за кадровски прашања поврзани со евентуалниот влез на Алтернатива во Владата.“ – – јави ТВ 21.