Вицепремиерот и висок функционер на ДУИ на македонските граѓани не им сугерира туку им наложува како да го доживуваат споменикот кој неговата партија за 200 илјади евра го изгради во липковското село Слупчане.
Тој со изјавата во императивна форма дава наредба дека сите граѓани мора да го разберат не како провокација и обид за поделба туку како споменик на сите жртви од 2001 година кој треба да се доживее како предмет што ги обединува сите.
Според изјавата на Груби споменикот им е посветен и на масакрираните кај Вејце, убиените кај Карпалак и Љуботенски бачила, Мавровските работници, киднапираните и убиени македонски цивили…..
,,МОРА ДА ГО ДОЖИВУВАТЕ КАКО ОБЕДИНУВАЧКИ СПОМЕНИКОТ, џанам бил посветен на „сите жртви“ од 2001 година.
Ваљда според Груби само УЧК имала жртви во 2001, бидејќи не видов денес дека ги чествуваат и оние македонски војници масакрирани од УЧК. И тоа вие МОРА така да го доживувате, тоа го заповеда првиот вице-премиер”, е коментарот на Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит на изјавата на Груби кој како да ја потценува меморијата и интелигенцијата на македонските граѓани или свесно отвара рани кај дел од граѓаните.
На отворањето на споменикот во Слупчане на жртвите на УЧК не беше присутен ниту еден Македонец, Турчин, Рим, Србин, Влав или припадник на другите заедници во Македонија.
Видеото од провокативната или лажна изјава на Груби во линкот






