Откако неговата сопартијка од ДУИ и кандидатка за нов градоначалнички мандат Теута Арифи пред неколку дена го нарече Тетово „прв албански град во Македонија што го води жена“, првиот вицепремиер Артан Груби отиде чекор понатаму, па градот под Шара го прогласи за „главен град на Албанците“!
„Тетово не е како секој друг град, Тетово не е општина, Тетово е главен град на Албанците, Тетово е авангарда на Албанците. Затоа, со заокружувањето на тројката за Теута, со тројката за Блерим, нè обврзувате сите нас во Владата и во Парламентот, но најмногу го обврзувате лидерот Али Ахмети да го задржи Тетово како главен град и во неговите раце“, рече Груби на митингот на ДУИ во Тетово.
„Нема ништо што Тетово ќе го побара, а што Владата нема да го направи“, додаде тој.





