Груби среќен на фб поради ремито на Албанија, ама без „ќеф“ да објави нешто и за мечот на Македонија, чиј вицепремиер е…

„Голот што ги испрати Орлите на Еуро 2024“



„Ќе се видиме во Тирана во понелник и во Германија идната година“ – напиша на својот фејсбук-профил вицепремиерот Артан Груби, искажувајќи ја својата среќа, откако вечерва фудбалската репрезентација на Албанија одигра 1-1 на гостувањето кај Молдавија и си  обезбеди пласман на Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра следната година во Германија. Груби објави и видео-снимка од голот, кој го постигна албанскиот репрезентативец Сокол Цикалеши во 25-тата минута од овој фудбалски натпревар.

Арно ама, на Груби некако не му беше „ќеф“ да објави нешто и од вечерашниов фудбалски натпревар и меѓу Италија и Македонија, државата чиј што е вицепремиер и од која прима плата за таа функција. Којзнае, можеби Груби вложува силен напор да го оправда епитетот, што му го дадоа дека е „албански премиер“, па во тој „дух“ е „навивачки расположен“ само за „своите“… Или можеби се засрами од оние „другите“, бидејќи доживеаја пораз…

Репрезентацијата на Република Македонија вечерва и покрај релативно добрата фудбалска игра и двата постигнати гола не успеа по третпат да остане непоразена од Италија на гости. 

Спортскиот портал „Спортманија“ објави: Фудбалската репрезентација на Македонија во третиот меч во Италија за првпат е поразена откако вечерва на стадионот „Олимпико“ во Рим „Аѕурите“ славеа со 5:2 во рамки на квалификациите за ЕП 2024 и се реваншираа за поразот од Палермо.

Во претходните два дуела на италијански терен македонските репрезентативци беа непоразени: во квалификациите за Светското првенство 2018 во Торино резултатот беше 1:1, а пред две години во Палермо беше остварена најважната победа на Македонија на гости, 1:0 во полуфиналето за пласман на Светското првенство 2022. По овој вечерашен пораз Македонија остана на претпоследното, четврто место на табелата во групата Ц со седум бода. Македонија ќе ги заврши квалификациите в понеделник на Националната арена „Тодор Проески“ во дуелот со Англија.