Со користење на туѓо прескапо возило вицепремиерот Артан Груби освен кривично дело за скриен имот направил и прекршување на законот во делот на ингеренциите на управата за јавни приходи затоа што не платил данок на закупнина,
Експерти за даноци тврдат дека користењето на туѓо возило е форма на ЗАКУП а закупот е оданочив доход за сопственикот на возилото.
Данокот на возилото според нив треба да се пресметува врз основа цената што рент а кар компаниите ја имаат во Македонија што значи дека Груби треба да плати данок на сума која годишно за изнајмување на луксузното Ауди се движи меѓу 30 и 50 илјади евра годишно.
,,Претпоставуваме дека е логично и пазарно, сопственикот да наплатува закупнина за своето возило што дал да го користи друг (постојано).
Сепак, ако се работи за “другарство” и сопственикот не наплатува закупнина за користеното возило (бензинот и одржувањето секако треба да ги покрива корисникот), тогаш КОРИСНИКОТ примил ПОДАРОК (закупнина што НЕ ја плаќа) што е исто така доход кој се оданочува со данок на доход на основица: пазарната вредност на закупнината што би се остварила (пазарната вредност на користењето на возилото може да се провери во рент-а-кар компаниите).
Во овој случај данок плаќа корисникот “за без пари” на возилото.
Ова е краток водич за постапување во даночниот сегмент (така ќе се потврди/отфрли изјавата за користењето на туѓо возило и истата ќе се категоризира како ПРИКРИЕНА ПРАВНА РАБОТА, ако не постои правна подлога (документи/договор и пријави во УЈП) за една од двете можни варијанти.
На горниот начин функционира правна држава, но не застанува тука, продолжува….
– “ги тресе од гаќи” финансиите и имотот на давателот и корисникот на возилото, заедно со сите членови на нивното потесно семејство по машка и женска линија и се разбира по … сватовска и шоферска линија и линија на лично обезбедување”, вели експертот кој не сака јавно да зборува на темата.






