Груби со нова маица и со нова порака

„ Автопатот не може да го спречи ни Мицко, ни Свети Мицко. Делницата ќе се заврши и по неа ќе возат граѓаните. Дојдено е крај на заложништвото на граѓаните и на иднината на Република Северна Македонија. Тоа нема да се толерира и се демонстрира дека е дојден крај“ – порача Првиот вицепремиер Артан Груби денеска облече нова маица со натпис „10Д“ на поставувањето на камен-темелник на проектот Коридор 10-д, делница што од Прилеп до Битола ќе ја гради компанијата „Бехтел и Енка“.



На 4 април, кога беше удрен првиот камен-темелник на Коридорот 8, во Тетово, Груби беше облечен во маица со Коридорот 8.

Оваа владина коалиција и ова парламентарно мнозинство, од минатиот петок демонстрира што значи да се стави крај на апсолутната блокада и заложништво на иднината на граѓаните. Тоа нема да се толерира и се демонстрира дека е дојден крај, потенцира Груби.

Тој упати порака и во однос на македонскиот евроинтеграцискиот процес.

„Така како што демонстриравме дека е дојден крај на заложнштвото и блокадата, така од денес, при изградбата на вакви инфраструктурни проекти, упатувам порака дека е дојдено време да ставиме крај на блокадата на нашето европско интегрирање.

Тој проект е почнат со партнерите од коалицијата и никој нема да му застане на патот“, рече вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.