Организацискиот секретар на ДУИ, Артан Груби, во интервју за албански „Шчип“ вели дека со СДСМ имаат секојдневни контакти кои тој очекува да се засилат со формирање на институции.
„Ние сè уште сме колеги во владата и нашите контакти се секојдневни како две главни партии во земјата. Чекаме да заврши крајот на жалбениот процес и да ги продолжиме и засилиме контактите за воспоставување на институциите кои излегоа од изборите на 15 јули во соработка и одговорен дух“, вели Груби.
Груби вели дека не доаѓа во предвид коалиција на ДУИ со Левица, бидејќи црвената линија на ДУИ се договорите со Грција и Бугарија и Охридскиот договор.





