Откако ДУИ го промовираше предлогот Албанец за премиер со светлечки перформанс на скопското Кале и слоганото “зошто да не“ Артан Груби добивал навредливи и закаснувачќки пораки преку социјалните мрежи.
„Ненормална омраза и закани по живот деновиве преку Фејсбук и Твитер беа лично упатени кон мене. Заканите денеска ќе ги пријавам во полиција“, изјави Груби за „Плусинфо“.
„Јас во континуитет добивам закани, но не им придавав важност. Но ова што се случува сега откако ја промовиравме кампањата „Албанец премиер, зошто да не“, е загрижувачко.
Сметам дека изливот на омраза и закани се и последица на реакциите на македонските политичари и нивните етноцентрични изјави за нашиот предлог“, вели Груби.






