Зградата лоцирана во близина на МНР и е дел од проектот „Скопје 2014“ во вредност од 14 милиони евра, од денеска е седиште на Министерството за политички систем што го предводи првиот вицепремиер Артан Груби.
Груби на својот Фејсбук профил објави повеќе фотографи од она што на три јазици го нарече: Shtëpia jonë e re, Нашиот нов дом, Our new home.
Во новата зграда ќе се сместат и Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Управата за афирмирање на културата на припадниците на заедниците, Националниот Албански Ансамбл.










