Груби се пофали: На полициските униформи ќе стои и натпис на албански

Првиот вицепремиер Артан Груби на социјалните мрежи објави дека на денешната седница на Владата е усвоена измената на Уредбата за униформите и нивните симболи со која се предвидува употреба на албанскиот јазик како службен јазик на униформите на полициските служби согласно законот.



„Уште една успешно извршена задача!
Албанскиот јазик официјално и во полициските униформи!
На денешната седница на Владата ја усвоивме измената на Уредбата за униформите и нивните симболи со која се предвидува употреба на албанскиот јазик како службен јазик во униформите на полициските служби согласно законот“, напиша Артан Груби на својот фејсбук-профил.