Ова го изјави првиот вицепремиер Артан Груби во синоќешното интервју за косовската телевизија Т7 според кој одлуката за оставки на министрите од редовите на ДУИ се во функција на интеграциите на земјава во ЕУ, јави МИА од Приштина.
Тој вели дека со одлуката за депонирање на оставките од страна на министрите, ДУИ ѝ го отвори патот на македонската опозиција за да гласа за уставните измени.
Али Ахмети, ДУИ се откажува и од ветувањето дадено на последните парламентарни избори за премиер Албанец во Македонија, и тоа го прави „за доброто на граѓаните и во полза на интеграцијата во ЕУ“ рече првиот вицепремиер.
„Ако ние одиме во опозиција, при што опозицијата (ВМРО-ДПМНЕ) би ги гласала уставните измени, за што се потребни две третини во Собранието, ние сме кажале дека за иднината на нашата земја сме подготвени да се откажеме и од привремена влада и од премиер Албанец и од нашите мандати.
Од сé што е политички договор на коалицијата ние се откажуваме, под услов македонската опозиција да ги гласа уставните измени“, изјавил Груби за Т7.







