„Ако се проневери еден денар од народните пари, ние политичарите да скапеме доживотно во затвор“, изјави првиот вицепремиер и координатор на изградбата на автопатите во македонија од страна на Кконзорциумот „Бехтел и Енка“, на брифинг со новианрите го бранеше проектот за коридорите 8 и и 10 и потребата од законските интервенции..



Груби информираше дека досега не се исплатени средства, а за првите пари кои ќе бидат дадени авансно за почеток на градежни работи ќе биде објавено на порталот Отворени финансии.

Тој рече дека се работи за амбициозен проект од 109 километри за 57 месеци, кој треба да биде изграден четирипати побрзо од вообичаеното.

„250 милиони евра годишно од Буџет ќе се издвојуваат за домашните компании кои несомнено ќе имаат корист во текот на целиот процес, односно 51% од ресурсите мора да бидат домашни или 600 милјони евра кај фирмите од земјата“, вели Груби според кој дфоговорот не е таен.

Но има конкретни клаузули кои што не може да се објават и негираше дека во договорот е предвидено да се плаќаат пенали.

Груби, тврди дека законските измени не ги бара „Бехтел и енка“, туку пратениците, откако биле направени консултации со колегите во Хрватска, Албанија, Косово и Романија.

Вицепремиерот убедува дека нема да има експлоатација на вработени, бидејќи тој член за задолжителна работа од 60 часа, Уставениот суд веќе ја укина. Сега со оваа законска измена, се остава на избор на работникот….